Статистички извештаи за поштенските услуги

Извештаи за пазарот Давателите на поштенски услуги мора да ги стават на располагање на Агенцијата, сите финансиски податоци и информации поврзани со обезбедувањето на поштенски услуги, што ги бара Агенцијата за остварување на своите надлежности.

Согласно законската регулатива, регулаторот има право да побара и дополнителни информации и податоци заради успешно извршување на своите надлежности. Податоците кои се добиени од страна на Давателите на поштенски услуги во форма на Извештај за обезбедување на поштенски услуги, како и дополнителните прашалници доставени до давателот на универзална услуга, претставуваат основ за подготовка на Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за годината на која се однесуваат податоците.

Агенцијата за пошти изготвува Статистички извештаи за поштенските услуги  во Република Северна Македонија од 2009 година. Статистичкиот извештај дава преглед на пазарот на поштенските услуги, а добиените податоци се користат и за известување на националните и меѓународните организации.