За Агенцијата

Агенцијата за пошти е независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, правно лице основано со Законот за поштенските услуги, како самостојно и непрофитно правно лице, кое врши јавни овластувања.

Агенцијата за пошти започна со работа во јули 2008 година.

Основач на Агенцијата за пошти е Собранието на Република Северна Македонија.

Имотот и средствата за работа на  Агенцијата се  сопственост на Република Северна Македонија, кои ги користи и со нив управува Агенцијата.

Седиштето на Агенцијата за пошти е во Скопје.

Агенцијата за пошти како независно регулативно тело со надлежности и овластувања се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на поштенски услуги, со цел заштита на правата на корисниците на поштенските услуги.

Целта на Агенцијата за пошти е да создаде подобри поштенски услуги.

Наша мисија е 

промовирање на ефективна и одржлива конкуренцијата и                   обезбедување на фер пазарни услови во секторот;

 √ креирање на модерен и ефикасен поштенски сектор, кој ќе нуди квалитетни поштенски услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен економски развој во земјата, и

 √ заштита на правата  на корисниците на поштенските услуги.

  Наша визија е професионално и независно регулаторно тело,  посветено на потребите на поштенскиот пазар, со одржлива регулација на поштенските услуги, како и заштита на правата на корисниците.