Корисници

Грижа и заштита на правата на корисниците во поштенски услуги

Лиценци

Издавање, контрола и ажурирање на сите лиценци за поштенски услуги

Информации

Побарајте информации од јавен карактер за поштенските услуги и субјекти

Билатерална работилница

15.03.2024
cefta
На 12 март 2024 година во Скопје, во организација на ГИЗ - Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа - надворешна трговија и учесници на ЦЕФТА ( Централно европски договор за слободна трговија), се одржа Билатерална работилница на тема: Техничка помош за регулаторни и не нерегулаторни мерки за подобрување на прекугранична достава на пакети во Република Северна Македонија.

Директорот Миладиноски со интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“

04.03.2024
Директорот на Агенцијата за пошти со ексклузивно интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“ - Граѓаните прво да рекламираат кај поштенските оператори, па потоа во Агенцијата! Македонските граѓани и фирми во изминатиот период искажуваат незадоволство од квалитетот на услугите на домашните поштенски оператори. Според наши сознанија, реакциите од  граѓаните и од фирмите се однесуваат на  ненавремената достава на писма и пратки. Има случаи кога писмо, друг документ или фактура од Скопје за Скопје да патува повеќе од еден месец! Граѓаните реагираат и на „брзината“ на испораката на пратки од странство. Некои од граѓаните се уште ги чекаат производите кои биле порачани пред новогодишните празници. За тоа како да се заштитат правата на корисниците на поштенски услуги, разговаравме со Сретен Миладиноски, директорот на Агенцијата за пошти на Македонија и доктор по Економски науки од Скопје, кој е избран на оваа функција на 16 јануари 2024 година. Во екслузивното интервју за Економија и бизнис разговаравме и за други прашања поврзани со подобрување на поштенскиот сообраќај во Македонија.
  • Куририте со велосипед им нудат на холандските купувачи опции за достава истиот ден
    Куририте со велосипед им нудат на холандските купувачи опции за достава истиот денФирмата „Пазл“ за доставата на пратки од електронска трговија се здружи со фирмата за курирски услуги „Забрзување“ заради обезбедување на достава истиот ден за клиенти кои купуваат онлајн со место на живеење во Амстердам, Ротердам и Хаг.  Услугата ќе биде достапна на онлајн купувачите покрај…
  • Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!
    Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!Европската недела на мобилност е најшироко распространета кампања за одржлива мобилност во светот. Се случува секоја година од 16 до 22 септември. Целта на кампањата е да се охрабрат европските локални власти да воведат и промовираат мерки за одржлив транспорт и да ги поканат граѓаните да пробаат…
  • ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕ
    ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕДали ракописот е важен? Не многу, според многу воспитувачи. Општите Основни стандарди, кои се усвоени во повеќето американски држави, наложуваат учење на разбирливо пишување, но само во градинка и прво одделение. После тоа, вниманието брзо се насочува кон ефикасност на тастатурата.

Билатерална работилница

15.03.2024
cefta
На 12 март 2024 година во Скопје, во организација на ГИЗ - Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа - надворешна трговија и учесници на ЦЕФТА ( Централно европски договор за слободна трговија), се одржа Билатерална работилница на тема: Техничка помош за регулаторни и не нерегулаторни мерки за подобрување на прекугранична достава на пакети во Република Северна Македонија.

Директорот Миладиноски со интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“

04.03.2024
Директорот на Агенцијата за пошти со ексклузивно интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“ - Граѓаните прво да рекламираат кај поштенските оператори, па потоа во Агенцијата! Македонските граѓани и фирми во изминатиот период искажуваат незадоволство од квалитетот на услугите на домашните поштенски оператори. Според наши сознанија, реакциите од  граѓаните и од фирмите се однесуваат на  ненавремената достава на писма и пратки. Има случаи кога писмо, друг документ или фактура од Скопје за Скопје да патува повеќе од еден месец! Граѓаните реагираат и на „брзината“ на испораката на пратки од странство. Некои од граѓаните се уште ги чекаат производите кои биле порачани пред новогодишните празници. За тоа како да се заштитат правата на корисниците на поштенски услуги, разговаравме со Сретен Миладиноски, директорот на Агенцијата за пошти на Македонија и доктор по Економски науки од Скопје, кој е избран на оваа функција на 16 јануари 2024 година. Во екслузивното интервју за Економија и бизнис разговаравме и за други прашања поврзани со подобрување на поштенскиот сообраќај во Македонија.

Одржан инаугуративниот состанок на Работната група за регулаторна рамка за поштенски услуги во состав на ЕРГП - Европска група на поштенски регулатори

04.03.2024
04.03.2024
Во Мадрид на 20 и 21.02.2024 година, со инаугуративен состанок на Работната група за регулаторна рамка за поштенски услуги во состав на  Европска  група на поштенски регулатори- ЕРГП (European Regulators Group of Postal Services – Regulatory Framework Working Group) за 2024 година, кој се одржа во седиштето на надлежното регулаторно тело од Шпанија, Националната Комисија за Пазар и Конкуренција -CNMC (Comisión Nacional de los Mercados y la Competencia) се означи значајна пресвртница во напорите кон содавање основи за идна регулаторна правна рамка за поштенскиот сектор во Европа.

Јануарски Е-билтен на Агенцијата за пошти

01.02.2024
Задоволство ни е да Ви го претставиме првиот електронски билтен на Агенцијата за пошти за 2024 година. Преку овој начин на комуникација, целиме кон навремено информирање за новините и трендовите кои се актуелни во домашниот и меѓународниот поштенски сектор. Во овој број издвојуваме податоци од брошурата „Употреба на ИТ технологија во македонскиот поштенски сектор” во која на лесен и разбирлив начин се презентираат и анализираните  податоците кои што се однесуваат на употребата на ИТ-технологија од страна на македонските даватели на поштенски услуги.