Почетна

Печати

Напишете зборови за надеж и донирајте за поплавените области во Македонија.

Испратете ги вашите пораки на адреса:

Агенција за пошти
П.Фах 164 1000 Скопје

Со секоја испратена картичка донирате 18 денари. Картичките може да се најдат во сите подружници на Македонска пошта.

Поддржано од Агенција за пошти и Македонска пошта. Повеќе информации може да видите на: www.word4hope.ap.mk

Печати

Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо за тоа во каков свет сакаш да пораснеш“.

Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата наградува уште 2 и одлучи да пофали 4 писма.

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ГИ ОБЈАВУВА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ И ПОФАЛЕНИТЕ НА КОНКУРСОТ:

  1. Софи Пановска - IX-3 одделение во ОУ „Гоце Делчев“ - Битола
  2. Ана Игнатовиќ - IX-1 одделение во ОУ „Кузман Јосифовски - Питу“ - Скопје
  3. Леонида Лумбуровска - IX-3 одделение ОУ „Гоце Делчев“ - Битола

Пофалени писма:

  • Лина Продановска - III-3 одделение - ОУ „Лазо Ангеловски“- Скопје
  • Јана Стефанова - V-1 одд. „Круме Кепески“- Скопје
  • Филип Томашевски - VII-б одд ОУ „Партенија Зографски“ - Скопје
  • Ана Маркоска VII-1 одд ОУ „Круме Кепески“ - Скопје

Организаторот ќе ги контактира авторите на наградените и пофалените писма.

Победничкото писмо што беше пратено на меѓународниот конкурс може да го видите тукаpdf

Печати

„СЛАТКА“ ЗАБАВА ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

На 26.12.2014 година, во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, по повод претстојните новогодишни и божикни празаници, директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски, заедно со вработените во Агенцијата им приредија „слатка“ забава на децата од оваа установа за социјална заштита.

Во улогата на Дедо Мраз се појави познатиот хит-мејкер, шармантниот пеач на забавна музика Влатко Илиевски, кој со песна им посака убави желби во новата година и секако на сите деца им подели новогодишни пакетчиња од асортиманот на „Витаминка“ од Прилеп.

Со оваа активност Агенцијата за пошти на децата без родители, во предновогодишен амбиент, им обрна внимание и им создаде позитивна атмосфера на верба, љубов и разбирање.

Печати

Во организација на Агенцијата за пошти, на 26.12.2014 година, во кафе-бар „Форца“ за прв пат се одржа донаторска аукција на уметнички и литературни дела. Оваа манифестација беше од хуманитарен карактер.

Средствата кои беа собрани ќе бидат донирани на Здружението за цистична фиброза.
Предмет на аукцијата беа уметнички дела донирани од авторите Сергеј Дамовски, Стефан Хаџи-Николов, Данчо Ордев, Живко Поповски Цветин, Мајкл Клос, потоа уникатни спортски реквизити со автограм од играчите на ракометниот клуб Вардар, личен предмет од музичарот Влатко Стефаноски и други предмети со посебно значење.

Водител на хуманитарната аукција беше ТВ презентерот Огнен Јанески, а музички гости беа 4 Strings.

TOP