Почетна

Печати
Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина. Доколку се усвои иницијативата, од царина ќе бидат ослободени пратките со вкупна вредност до 150 евра.

Целиот текст може да го видите на веб страната на Дневник

Печати
Ни претставува особено задоволство да Ве информираме дека кампањата во рамките на активностите на Агенцијата за пошти за промоција на поштенските услуги и филателијата во Македонија беше поддржана од нашиот светски познат фудбалски мајстор, напаѓачот на фудбалскиот клуб Наполи, денес и официјално стартува под име: СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ.
Во рамките на кампањата, сите граѓани на Република Македонија, но и фановите од целиот свет ќе имаат можност со назнака „За кампањата СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ“ на адресата Агенција за пошти, П.Фах 164, 1000 Скопје, на поштенски картички да ги испратат своите честитки, желби, но и лични пораки до Горан Пандев.

 Кампањата ќе трае до исполнувањето на квотата од 5000 примени поштенски картички. Испраќачот на 5000-та картичка ќе стане добитник на оригинален фудбалски дрес на ФК Наполи со автентичен потпис од Горан Пандев. Со завршувањето на кампањата Горан Пандев ќе донира комплетна фудбалска опрема и фудбалски топки за учениците во основните училишта во Струмица, додека Агенцијата за пошти ќе го награди испраќачот на највпечатливата порака која ќе биде избрана од страна на стручно жири и од нашите следбеници на Facebook кои ќе имаат право со своите гласови да ја избираат највпечатливата порака на неделата во текот на траењето на кампањата.

Фудбалска топка со автограм на Пандев ќе добие и испраќачот чија порака ќе му остави најсилен впечаток лично на Пандев.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во оваа добротворна кампања, тоа можат да го направат преку испраќање на поштенски картички со своите пораки до Пандев: ПОШТЕНСКИ ФАХ 164, 1000 Скопје со назнака „СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ“, наведувајќи свое име и презиме и точна поштенска адреса.

Печати

Не постои технологија или начин на комуникација што се поинтимни од испишаното мастило на лист хартија. затоа ќе се обидеме преку кампања во македонија да ги промовираме убавото пишување и испраќањето писма, вели Влатко Атанасоски, директорот на агенцијата за пошти.

Целиот текст може да го видите на веб страната на Нова Македонија

Печати

Агенцијата за пошти ја одржа својата Осма јавна седница на 20.12.2013 година (петок) во хотелот Best Western –Хотел Турист , сала Амбасадор.

Седницата го имаше следниот ДНЕВЕН РЕД :

  1. Рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти за 2013 година.
  2. Пет години регулиран поштенски пазар во Република Македонија.

Презентациите од седницата може да се превземат тука и тука 

TOP