Цели на Законот за поштенски услуги

  • обезбедување на поштенски услуги;

  • обезбедување на универзалната услуга на целата територија на Република Македонија;

  • утврдување на начин на финансирање на универзална услуга за нејзинот постојано обезбедување;

  • утврдување на стандарди за квалитет на обезбедување на универзалната услуга и утврдување на систем за примена на овие стандарди;

  • заштита на интересите на корисниците на поштенските услуги;

  • овозможување конкуренција во областа на поштенските услуги според објективни, транспарентни и недискриминаторски услови, на постепен и контролиран начин со цел да се обезбеди извршувањето на универзалната поштенска услуга;

  • развој на поштенската инфраструктура на целата територија на Република Македонија за поквалитетно обезбедување на поштенските услуги;
  • формирање на цените за поштенските услуги на објективни, транспарентни и недискриминаторски принципи,
  • функционирање на поштенските услуги во интерес на Република Македонија.