Светски Ден на Поштите

Svetski den na posti

Обраќање на Генералниот директор на Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз: „ Поштите за планетата“

„Повеќе не можеме да ја игнорираме климатската вонредна состојба. Драстичните промени во нашата животна средина почнуваат сериозно да влијаат врз нашите секојдневни животи и егзистенција.

Научниците се едногласни и јасни: активностите на човекот ги предизвикуваат климатските промени. Меѓународни организации, влади и граѓански здруженија повикуваат на итна акција од сите сектори за да се избегне најлошиот удар од оваа криза.

Во поштенскиот сектор вработени се повеќе од 5 милиони луѓе кои работат во повеќе од 600,000 поштенски единици во 192 земји. Секторот доставува стотици милијарди поштенски пратки годишно. Нема сомнеж дека поштенскиот сектор и неговите партнери имаат одговорност да преземат конкретни дејствија за да ги намалат јаглеродните гасови. Мораме да поттикнеме промена во нашиот сектор.

            За да го одбележиме овогодинешниот  Светски ден на поштите, ја одбравме темата „Поштите за планетата“. Како глобален играч во доставата на стоки и суштински услуги, Поштите се во главна позиција да ги водат нивните партнери низ целиот глобален синџир на набавка. Тие можат да бидат водачи при ублажување на климатските промени, адаптирање и флексибилност во другите сектори.

Справување со климатските промени воопшто не е лесна задача.  Вистинско делување бара вистински инвестиции, но овие инвестиции се за нашата иднина.

            Исто така, активностите поврзани со климатските промени ќе поттикне напредок и развој на социјалните и економски цели. Секоја личност, бизнис и нација на оваа планета има удел во оваа борба. Мора сите да работиме заедно за да обезбедиме подобра иднина за следните генерации.

            Ги поттикнувам владите на земјите членки на Светскиот поштенски сојуз да работат заедно и со јавните и приватните партнери за да се обезбедат климатски инвестиции за поштенскиот сектор.

            Ги повикувам Поштите да го оживеат духот на иновација кој им помогна при поддршка на заедниците за време на КОВИД 19 пандемијата. Искористете го ова искуство за пронаоѓање на иновативни решенија кои ќе ги намалат јаглеродните гасови и тоа нека служи како репер за наоѓање на соодветни и влијателни начини за поддршка на вашите заедници.

На крај, ги замолувам милијардите луѓе кои ги користат Поштите секој ден да го подржат нашиот сектор бидејќи работиме заедно да изградиме подобра и посветла иднина.

Ви посакувам успешна прослава на Светскиот ден на поштите“.

Машахико Метоки

Генерален директор

 

Видео: https://youtu.be/tZcNRMoWfCg