Јавен Повик за прибирање понуди за закуп на деловен простор

Агенција за пошти од Скопје објавува Јавен повик за прибирање на понуди, повикувајќи ги сите заинтересирани субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

  1. Општи услови

1.1 Закупувач на деловен простор: Агенција за пошти Скопје со седиште во Скопје на Ул.Кеј 13-ти Ноември Бр.ГТЦ кат 2/зграда 4-вл.1 лок.2 Скопје-Центар;

1.2 Предмет на барањето прибирање понуди за закуп на деловен простор за период од 2 години;

1.3 Агенција за пошти има потреба од изнајмување на деловен простор за сопствени потреби во ГТЦ по можност на кат 2 со големина од најмалку 20 м2 за складирање и чување на предмети и опрема во сопственост на Агенцијата, за период од 2 години;

1.4.Набавката на ова Барање не е делива.

Понудувачот во рамки на определените услови  треба да поднесе понуда за закуп на деловен простор во ГТЦ со големина од најмалку 20 м2, со закупнина во износ од максимум 10.000,00 денари со ДДВ со сите вклучени трошоци (кондиционирање, струја, вода, ѓубретарина, одржување и останати комунални трошоци), за период од 2 години. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да секој месец да доставува фактура до Архивата на Агенција за пошти.

  1. Понуда

2.1 Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот, ќе содржи:

• Понуда за закуп на деловен простор со големина од најмалку 20 м2.

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Закупнина во износ од максимум 10.000,00 денари со ДДВ со сите вклучени трошоци (кондиционирање, струја, вода, ѓубретарина, одржување и останати комунални трошоци)

  • ГТЦ по можност на кат 2

Понудата се избира согласно исполнувањето од критериумите за избор на најповолен понудувач од точка 3.

4. Облик и содржина на понудата

  1. Понудата се изработува во писмен облик;
  2. Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на
    телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт;

4.3. Тековна состојба од добавувачот, не постара од една година;

  1. Карактеристики на понудата;
  2. Рок и начинот на испорака на стоките и услугите;
  3. Вредност на понудата изразена во денари со вклучен ДДВ,
  4. Рок и начин на плаќање.

            Контакт лице на кое можете да му поставувате прашања и да побарате појаснување во врска со изготвувањето на понудата: Даниел Јанчев, тел: 02 3 212 107 локал 224.

            Be молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта на следната адреса info@ap.mk , нajдoцнa до (четврток) 24.11.2022 година.

АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ

Директорка

Билјана Аврамоска Ѓореска

 

Јавен Повик за прибирање понуди за закуп на деловен простор: Линк