Тркалезна маса на тема „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална пазарна економија на Република Северна Македонија“

МАНУ тркалезна маса

На  12 февруари 2020 година (среда) со почеток во 10 часот во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, се одржа Тркалезната маса на тема: „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална пазарна економија на Република Северна Македонија“.

Тркалезната маса ја отвори академик Таки Фити, а воведно излагање имаше професорката Даниела Мамучевска од Економскиот факултет при УКИМ.

На Тркалезната маса присуствуваа претставници од Агенцијата за пошти и претставници од останатите регулаторни тела но и од академската заедница.

Денешната дебата во МАНУ како што изјави академикот Фити е прва од циклусот на планирани во наредниот период. Изнесеното во текот на дискусиите ќе се сумира и ќе се преточи во конкретни решенија а се со цел да се воспостави ефикасен и праведен систем за регулација. Според него, сите решенија ќе бидат вградени во посебен зборник кој ќе биде доставен и до креаторите на политиките. Според академикот Фити, едно е извесно- дека мала економија како нашата мора да биде многу внимателна при одлучувањето за бројот на регулаторните институции