Соопштенија

Билатерална работилница

15.03.2024
cefta
На 12 март 2024 година во Скопје, во организација на ГИЗ - Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа - надворешна трговија и учесници на ЦЕФТА ( Централно европски договор за слободна трговија), се одржа Билатерална работилница на тема: Техничка помош за регулаторни и не нерегулаторни мерки за подобрување на прекугранична достава на пакети во Република Северна Македонија.

Директорот Миладиноски со интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“

04.03.2024
Директорот на Агенцијата за пошти со ексклузивно интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“ - Граѓаните прво да рекламираат кај поштенските оператори, па потоа во Агенцијата! Македонските граѓани и фирми во изминатиот период искажуваат незадоволство од квалитетот на услугите на домашните поштенски оператори. Според наши сознанија, реакциите од  граѓаните и од фирмите се однесуваат на  ненавремената достава на писма и пратки. Има случаи кога писмо, друг документ или фактура од Скопје за Скопје да патува повеќе од еден месец! Граѓаните реагираат и на „брзината“ на испораката на пратки од странство. Некои од граѓаните се уште ги чекаат производите кои биле порачани пред новогодишните празници. За тоа како да се заштитат правата на корисниците на поштенски услуги, разговаравме со Сретен Миладиноски, директорот на Агенцијата за пошти на Македонија и доктор по Економски науки од Скопје, кој е избран на оваа функција на 16 јануари 2024 година. Во екслузивното интервју за Економија и бизнис разговаравме и за други прашања поврзани со подобрување на поштенскиот сообраќај во Македонија.

Одржан инаугуративниот состанок на Работната група за регулаторна рамка за поштенски услуги во состав на ЕРГП - Европска група на поштенски регулатори

04.03.2024
04.03.2024
Во Мадрид на 20 и 21.02.2024 година, со инаугуративен состанок на Работната група за регулаторна рамка за поштенски услуги во состав на  Европска  група на поштенски регулатори- ЕРГП (European Regulators Group of Postal Services – Regulatory Framework Working Group) за 2024 година, кој се одржа во седиштето на надлежното регулаторно тело од Шпанија, Националната Комисија за Пазар и Конкуренција -CNMC (Comisión Nacional de los Mercados y la Competencia) се означи значајна пресвртница во напорите кон содавање основи за идна регулаторна правна рамка за поштенскиот сектор во Европа.

Јануарски Е-билтен на Агенцијата за пошти

01.02.2024
Задоволство ни е да Ви го претставиме првиот електронски билтен на Агенцијата за пошти за 2024 година. Преку овој начин на комуникација, целиме кон навремено информирање за новините и трендовите кои се актуелни во домашниот и меѓународниот поштенски сектор. Во овој број издвојуваме податоци од брошурата „Употреба на ИТ технологија во македонскиот поштенски сектор” во која на лесен и разбирлив начин се презентираат и анализираните  податоците кои што се однесуваат на употребата на ИТ-технологија од страна на македонските даватели на поштенски услуги.

Избран нов директор на Агенцијата за пошти

16.01.2024
Сретен Миладиноски, доктор на економски науки е избран за директор на Агенцијата за пошти, на јавниот оглас кој во месец декември 2023 година го спроведе  Комисијата на Агенцијата за пошти.

Четврт Квартален Извештај за 2023 година

15.01.2024
4-ти
Врз основа на член 15 ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3  од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 27/14, 42/14, 187/14, 146/15, 31/16, 190/16, 64/18, 248/2018, бр.27/2019 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/2019...

Ексклузивното право на давателот на универзална услуга да обезбедува резервирани поштенски услуги продолжено до 31 декември 2024 година

15.01.2024
Агенцијата за пошти, независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги информира дека Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 27 декември 2023 година го донесе Законот за изменување на Законот за поштенските услуги (објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија бр.284/2023)“, со кој давателот на универзалната услуга од денот на влегувањето во сила на овој закон (28 декември 2023 година) му се продолжува ексклузивното право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2024 година.Со оваа измена,  останува во сила  ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга -  АД „Пошта на Северна Македонија“ – во државна сопственост - Скопје, која за истата услуга има регулирана цена од 36,оо денари по писмо, одобрена од регулаторот.

Истражување за потребите на корисниците на поштенски услуги - 2023 година

27.12.2023
истражување
Основен предмет и цел на истражувањето беше проценка на потребите на корисниците на поштенските услуги. Истражувањето даде одговор и проценка колку обезбедувањето на поштенски услуги од страна на давателите на поштенски услуги ги задоволува потребите на корисниците. За ова истражување беа дизајнирани два примерока според целната група, и тоа:

Донесен Годишен извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година

27.12.2023
v
Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги (Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010,27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016,64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), директорката на Агенцијата за пошти донесе Годишен извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година.