Правна напомена

Агенцијата за пошти ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали  на својата веб-страница само за информативни цели.

Во оваа прилика, Агенцијата ве информира дека пребарувањето на веб-страниците истовремено значи прифаќање на следните услови: 

Веб-страницата на Агенцијата, содржината или било кој дел од истата се заштитени со авторски права. Само Агенцијата за пошти има право да ги остварува правата кои произлегуваат од истите. 

Правните и другите информации објавени на веб-страницата се внимателно составени. Содржината на веб-страницата треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи веб-страниците да се променат независно од волјата или надвор од контрола на АП и заради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, Агенцијата не превзема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или соджината на веб-страницата која Ви е ставена на располагање, во врска со информациите, документацијата или другите писмени материјали кои можат да се најдат на веб-страницата. Само ажурираните верзии на законите и другите прописи се валидни и применливи. Тие се објавени во Службен весник на Република Македонија. 

Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на веб-страницата во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Агенцијата. Сепак, како начин на слободно користење, Ви дозволува да ги зачувувате содржините од оваа веб-страница или да ги печатите од вашиот компјутер, за ваша лична употреба. 

Агенцијата за пошти го задржува правото да ја менува или трансформира својата веб-страница во било кое време. Исто така, може да го ограничи или да го прекине пристапот до веб-страницата. Не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до веб-страницата. АП изричито отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или другите писмени материјали кои се достапни на истите, несоодветна состојба на веб-страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност. 

Забрането е да се постави било каков линк со веб-страницата без претходно писмено одобрение од Агенцијата. Дури и да се добие такво одобрение за поставување на линк, забрането е вградување на било какви елементи од содржината на веб-страницата во друга веб-страница (во форма на рамка или вграден линк). Исто така, со горенаведеното одобрение може да се воспостави линк само со почетната страница на www.ap.mk

Агенцијата не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на веб-страницата.