Квалитет на универзална услуга

Република Северна Македонија заради јавниот интерес гарантира на секој корисник  обезбедување на универзална услуга а со утврден квалитет по пристапни цени на целата територија на Република Северна Македонија.

Универзалната услуга опфаќа:

  • прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки со тежина до 2 кг
  • прием, пренос, сортирање и дистрибуција на пакети со тежина до 10 кг
  • препорачани поштенски пратки и пратки со означена вредност
  • прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки за слепи лица и за лица со делумно оштетен вид.

Квалитетот на универзалната услуга гарантира обезбедување на универзалната услуга секој работен ден, но не помалку од пет пати неделно, најмалку едно собирање и една достава на поштенските пратки во станот или во просториите на секое правно или физичко лице.

Квалитетот на универзалната услуга е уреден со Правилникот за барањата за квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење.