Начин на работа на Агенцијата

Агенцијата за пошти во својата работа и при донесување на одлуки во рамките на своите овластувања е независна од друг државен орган или друго правно лице или трговско друштво што врши дејност од областа на поштенските услуги и е непристрасна кон нив.

Агенцијата извршува работи утврдени со Законот за поштенски услуги  и прописите донесени врз основа на овој закон, како и врз основа на Стратегијата за развој на поштенските услуги во Република Северна Македонија, како и меѓународните договори од областа на поштенските услуги што ги склучила или на кои им пристапила Република Северна Македонија.

Агенцијата обезбедува почитување на обврските кои произлегуваат од Директивите на Европската унија и Актите на Светскиот поштенски сојуз.

Транспарентност во работењето на Агенцијата

  • Работата на Агенцијата е јавна. Агенцијата организира јавни состаноци најмалку двапати годишно со сите заинтересирани страни, со цел да им овозможи да бидат запознаени со работата на Агенцијата и да им се даде можност да ги изразат нивните ставови и мислења за унапредување на состојбите во областа на поштенските услуги во Република Северна Македонија.
  • Агенцијата своите одлуки и другите акти како и податоците кои се јавно достапни, согласно законот,ги објавува на својата веб-страница www.ap.mk , на огласната табла на Агенцијата, во средствата за јавно информирање или Службен весник на Република Северна Македонија.
  • Агенцијата со општ акт ги уредува:
  • Постапката за начинот на примање на предлози од заинтересираните страни.
  • Начинот на соработка со претставници на организации на корисниците на поштенските услуги.

Одговорност на работата на Агенцијата за пошти

  • Агенцијата за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија.
  • Агенцијата за својата работа е должна до Собранието на Република Северна Македонија да достави Годишен извештај за работата за претходната година до 31-ви март во тековната година и Годишна програма за работа за наредната година, до 30-ти ноември во тековната година.