Соопштенија

Светскиот ден на поштите

02.10.2025
Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн.

Европската недела на мобилност – 2025

19.09.2025
Вработените на Агенцијата за пошти и оваа година ја поддржаа „Европската недела на мобилност” која на иницијатива на Европската комисија се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември.  Оваа година, темата е  Mobility for everyone!- Мобилност за сите! чија цел е да ја нагласи потребата од обезбедување пристап до одржлив транспорт за сите граѓани, без оглед на нивниот приход, локација, пол или способности.

28-ми Светски поштенски конгрес

05.09.2025
Оваа година, 28-от Светски поштенски конгрес ќе се одржи во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, започнувајќи од 8 септември кој ќе трае до 19 септември 2025 година. Конгресот е врховен орган на Светскиот Поштенски Сојуз (Universal Postal Union -UPU) кој  се состанува на секои четири години. Ополномоштени претставници од 192-те земји-членки на Сојузот се собираат по оваа пригода за да одлучат за нова стратегија и да ги постават идните правила за меѓународна размена на пошта. Вонреден конгрес може да се свика и на барање или со согласност на најмалку две третини од земјите-членки на СПС. До денес, Сојузот има одржано четири вонредни конгреси: во 1900 година во Берн, Швајцарија; во 2018 година во Адис Абеба, Етиопија; во 2019 година во Женева, Швајцарија; и во 2023 година во Ријад, Саудиска Арабија. На 28-от Светскиот поштенски конгрес ќе учествуваат и претставници од нашата држава.

АД „Пошта на Северна Македонија“-Скопје привремено го прекина приемот на пратки што содржат стока за САД

29.08.2025
АД „Пошта на Северна Македонија“-Скопје привремено го прекина приемот на пратки што содржат стока за САД, почнувајќи од 21.08.2025 година.   Прекинот не се однесува за писмата за САД. Прекинот е поради краткиот рок за прилагодување кон новите американски царински правила за поштенски пратки со комерцијална стока со вредност до 800 US долари кои се увезуваат во САД.

Успешна реализација на пролетниот информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“

19.05.2025
На 12-ти и 13-ти мај, во Прилеп и Кавадарци Агенцијата за пошти го реализираше пролетниот караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“. Ова е втора година како Агенцијата за пошти ги оддржува овие едукативни средби, со цел да ја доближи работата на давателите на поштенски услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенски услуги.

ИНФОРМАТИВЕН КАРАВАН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ  УСЛУГИ“

09.05.2025
Стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, на 12-ти и 13-ти мај 2025 година, ќе продолжи да го спроведува својот информативен караван „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ  УСЛУГИ“.

КОЛПОРТЕР ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

07.05.2025
Агенцијата за пошти на ден 07.05.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштво за дистрибуција, трговија и услуги КОЛПОРТЕР ДОО Скопје, поради престанок со обезбедување поштенски услуги. Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги на 06.05.2025 година констатира престанок со обезбедување поштенски услуги од давателот на поштенски услуги  Колпортер ДОО Скопје,  со што Колпортер ДОО Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

ХИ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

07.05.2025
Агенцијата за пошти на ден 06.05.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за промет и услуги ХИ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје, поради престанок со обезбедување поштенски услуги.

КОЛПОРТЕР ПОСТ ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

07.05.2025
Агенцијата за пошти на ден 25.04.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за услуги КОЛПОРТЕР ПОСТ ДОО Скопје. Со Решение бр. 02-142/3 од   14.04.2025 година,  Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   Колпортер Пост ДОО Скопје,  поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со што Колпортер Пост ДОО Скопје, го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

ГЕНИКИ ТАХИДРОМИКИ СМ ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

10.02.2025
Агенцијата за пошти на ден 10.02.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за давање на останати поштенски и курирски услуги ГЕНИКИ ТАХИДРОМИКИ СМ ДОО Скопје.