Права на корисниците на поштенски услуги

Отвореноста на Агенција за пошти во поглед на комуникацијата со корисниците дава сознанија за нивните реални потреби од поштенските услуги. Агенцијата е достапна за да им одговори на сите нивни прашања поврзани со работењето на лиценцираните даватели на поштенски услуги. Тука е да ги информира, советува за тоа како да ја добијат соодветната услуга и секако доколку имаат некаков проблем, да ги насочи како правилно да го решат истиот.

Секој корисник има законско право да користи поштенски услуги согласно општите услови за обезбедување на универзална поштенска услуга во кои особено се содржани видовите на поштенски услуги, условите за прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенските услуги, постапките за рекламации и други услови поврзани со обезбедувањето.