Надлежности на агенцијата

Согласно со одредбите од Законот за поштенските услуги (Службен Весник на Република Македонија бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и Службен Весник на Република Северна Македонија бр.275/2019), Агенцијата за пошти е надлежна да:

  • донесува и спроведува подзаконски акти врз основа на овој закон;
  • го осигури обезбедувањето на универзална услуга;
  • обезбедува услови за пристап на корисниците до универзалната услуга;
  • спроведува постапка за определување на давател на универзална услуга;
  • донесува одлука за определување на давател на универзална услуга;
  • издава општо овластување за обезбедување на поштенски услуги по поднесена нотификација;
  • овозможи и обезбеди услови за подеднаков пристап до поштенската мрежа,
  • го следи обезбедувањето на универзалната услуга;
  • формира компензациски фонд и да управува со средствата од компензацискиот фонд;
  • ги одобрува и врши контрола на трошоците за обезбедување на универзална услуга;
  • го следи работењето на давателите на поштенските услуги во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на него;
  • го следи развојот на пазарот на поштенските услуги и ја промовира конкуренцијата на  пазарот на поштенски услуги;
  • врши надзор и контрола на работењето на давателите на поштенските услуги и презема мерки согласно со закон против давателите на поштенските услуги кои не ги спроведуваат одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон;
  • води управни постапки и донесува одлуки во управна постапка согласно со одредбите од овој закон и Законот за општата управна постапка;
  • води постапки за решавање на спор меѓу давателите на поштенски услуги и нивните корисници, меѓу давател на универзална услуга и другите даватели на поштенски услуги;
  • бара податоци и информации од давателите на поштенски услуги;
  • воспоставува, одржува и ажурира електронска база на податоци;
  • дава мислење и учествува при подготвувањето на закони, прописи и други акти што се однесуваат на поштенските услуги, како и при склучувањето, односно пристапувањето на Република Македонија кон меѓународни договори од областа на поштенските услуги и да го обезбедува нивното спроведување;
  • соработува со други државни органи и институции;
  • ја врши својата работа транспарентно и на недискриминаторски начин, овозможувајќи им на заинтересираните страни да дадат забелешки и коментари во врска со иницијативите, мерките и одлуките на Агенцијата;
  • обезбеди информации за корисниците и давателите на поштенски услуги и меѓународните организации и тела;
  • спроведува примена на националните и меѓународните стандарди и технички прописи во областа на поштенските услуги, учествува во работата на меѓународни организации и здруженија на национални регулаторни тела во областа на поштенските услуги, и
  • врши и други работи во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.