ИЗВЕСТУВАЊЕ

Насоки за постапување на давателите на поштенски услуги согласно Одлуката за дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID -19  предизвикана од вирусот SARS – CoV-2, случаите и времен период на нивна примена

Согласно Одлуката за дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID -19  предизвикана од вирусот SARS – CoV-2, случаите и времен период на нивна примена (Службен весник на РСМ бр.55/2021 од 09.03.2021 година), со која се забранува движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 22:00-05:00 часот наредниот ден почнувајќи од 10 март 2021 (среда) до 22 март 2021 (понеделник), Агенцијата за пошти  до давателите на поштенски услуги ги дава следните насоки и задолженија:

2. Во временскиот период од 22:00-05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 (среда) до 22 март 2021 (понеделник), давателите на поштенски услуги да го организираат работното време во  третата и четвртата смена  како и досега, а на вработените да им издадат дозволи за движење од работодавачот, на свој меморандум, со податоци согласно прифатениот ОБРАЗЕЦ кој го доставуваме во прилог.

3. Давателите на поштенски услуги кои работат во мрежни модели  кои вклучуваат  други правни лица како нивни агенти или подизведувачи, на вработените во другото правно лице (курири, доставувачи и возачи)  задолжително да им издадат дозволи за движење  на свој меморандум, со дополнително впишан податок каде е вработено лицето и бројот на договор за соработка со тоа правно лице. Другото правно лице-подизведувач,  на свој меморандум за истите вработени да издаде иста таква дозвола за движење со истите податоци. Доколку се користат доставувачи по договор за дело, во дозволата се цитира бројот и датумот на договорот.

4.  Сите издадени дозволи за движење да се издадат во најмалку два примерока од кои еден  му се дава на вработениот, а еден  се чува во архивата на давателот.

5.  За сите издадени дозволи за движење, давателите се должни да испратат список со потребни податоци за вработените за кои издале дозволи (име презиме , работно место и работно време, како и број и датум на договорот за надворешни соработници) до Агенцијата за пошти по електронска пошта на адреса info@ap.mk . 

6. Давателите на поштенски услуги да го користат образецот за издавање на дозволи за движење за време на забраната и посебниот режим на движење што беше користен за време на вонредната состојба за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат и  Државниот инспекторат за труд и Министерството за внатрешни работи. Потпишан и заверен овој образец да се достави и на е-маил адреса: info_zpvrsm@gs.gov.mk.

Агенцијата во целост ги разбира предизвици со кои се соочуваат давателите на поштенски услуги и во таа насока продолжува континуирано да ја следи состојбата и да превзема соодветни мерки неопходни за намалување на негативното влијание врз работењето на давателите на поштенските оператори.

 Со заемно одговорно однесување на сите чинители на пазарот за поштенски услуги  можеме побрзо и полесно да ја пребродиме оваа ситуација.