Укинато Општо oвластување на давателот на поштенски услуги ДРД Курир ДОО Скопје

Во согласност со овластувањата од Законот за поштенски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.27/2019, 275/2019 и 107/2020), Агенцијата за пошти по службена должност, поведе постапка УП I бр.02-51 и со Решение од 17.06.2020 година го укина Општото овластување на давателот на поштенски услуги Друштво за превоз, услуги, трговија и маркетинг ДРД Курир ДОО Скопје поради неисполнување на правата и обврските по член 45 став 4 алинеа 1 од Законот за поштенски услуги.

Друштво за превоз, услуги, трговија и маркетинг ДРД Курир ДОО Скопје е избришан од службена евиденција за даватели на поштенски услуги  (регистарот) на Агенцијата за пошти.