Работилница во рамките на твиниг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ“

Работилница во рамките на твиниг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ“

Од 14-ти до 18-ти Октомври 2019 година, во просториите на Агенцијата за пошти се одржува работилница од 1. Компонента – Креирање на стратешки документи, која е дел од активностите кои се предвидени во рамките на Твининг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ“.

На истата се  разработуваат и се дискутираат теми од поштенската област,  односно за аналитичкото сметководство и нето трошок на УПУ, пристапот до мрежата и другата инфраструктура, поштенски оператори –режим на давање на дозволи и овластувања, за правата и обврските на корисниците, постапување со рекламации, инспекциски надзор и санкции, назначениот оператор за УПУ, национални регулаторни тела и филателија. Воедно, во насока на подобрување на македонската регулатива во поштенската област, се користат искуствата од  ЕУ и Шпанија кои се применливи во нашата земја и се во согласност со Поштенската директива.

Работилницата ја спроведуваат експерти од Министерство за транспорт и јавни работи на Шпанија и на истата учествуваат претставници од Агенцијата за пошти и Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.