ИЗВЕСТУВАЊЕ

                                                                                                     ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во согласност со мерките на Владата на Република Северна Македонија, за справување со растечката опасност од ширење на COVID-19 (корона вирус), Агенцијата за пошти ја прилагоди својата работа на ново настанатите околности, настојувајќи и во овие услови непречено даги извршува своите надлежности.

За сите прашања и информации до Агенцијата, основен канал на комуникација е електронската пошта на адреса [email protected], како и телефонскиот број 02/3212-107.

Сите барања за остварување на правата од делокругот на работата на Агенцијата за пошти, препорачуваме да се испраќаат писмено по пошта на адреса на Агенцијата: ГТЦ 2.кат, секција 6,локал 116 Скопје, П. Фах 160, со користење на услугите на АД Пошта на Северна Македонија.

Архивата во просториите на Агенцијата за пошти ќе работи од понеделник до петок од 10:00 до 13:00 часот, со зголемени мерки на здравствена безбедност.

Агенцијата редовно ќе ги следи состојбите со ризикот од ширење на  COVID-19 (корона вирус) и според потребите ќе презема дополнителни мерки и активности.

Во ново настаните околности, во кои се ограничени можностите за непосреден контакт меѓу луѓето и нивното движење, Агенцијата за пошти оддава особено признание на вработените во АД Пошта на Северна Македонија, како и на вработените во сите лиценцирани приватни поштенски оператори, укажувајќи на значењето на поштенскиот сообраќај за физичката достава на документи и стока преку поштенски пратки. Ова особено што поштенските услуги во вакви околности претставуваат клучен канал за поврзување на граѓаните, администрацијата и поддршка на бизнисот.

Од тука, Агенцијата апелира до сите даватели на поштенски услуги за одговорен однос и заштита на своите вработени кои доаѓаат во контакт со поштенски пратки и со корисници.

Истовремено, Агенцијата апелира и до корисниците – испраќачи и примачи на пратки, за разбирање и соодветен однос кон заштитата на сопственото и на здравјето на поштенските работници со кои доаѓаат во контакт.

Агенција за пошти