Одобрен Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2019 година

Одобрен Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2019 година

Врз основа на член 16 став 7 од Законот за поштенски услуги („Службен Весник на Република Македонија“ број 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и „Службен Весник на Република Македонија“ број 275/2019), Комисијата на Агенцијата за пошти, на предлог на директорот, на седницата одржана на ден 30 март 2020 година, преку видеоконференциска врска, го одобри Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2019 година.

Согласно член 12 став 3 од Законот за поштенски услуги, („Службен Весник на Република Македонија“ број 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и „Службен Весник на Република Македонија“ број 275/2019), Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2019 година, е доставен до Собранието на Република Северна Македонија во законски предвидениот рок, 31-ви март во тековната година.