Нови царински протоколи за олеснување на работењето на давателите на поштенски услуги во меѓународниот поштенски сообраќај

Со цел олеснување на работата во меѓународниот поштенски сообраќај за давателите на поштенски услугии во согласност со процесот на воведување на Е-царина, Царинската управа на Република Северна Македонија објави дека од 05.08.2020 година е воведено задолжително поднесување на електронски документ-најавен манифест „пред пристигнување“ за сите поштенски пратки.

Царинската управа ќе обезбеди пристап до нејзиниот систем за електронска обработка на податоци за пратките(помош од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), за даватели на поштенски услуги кои поседуваат Општо овластување за обезбедување поштенски услуги во меѓународниот поштенски сообраќај, издадено од Агенцијата за пошти.

Електронскиот систем за процена на ризик ќе се применува за 4 категории на поштенски пратки:

-пратки кои содржат документи и кореспонденција,

-пратки со мала вредност се ослободени од увозни давачки и ДДВ (до 22 Евра),

-пратки со мала вредност ослободени од плаќање увозни давачки (до 90 Евра)

-пратки со голема вредност (над 90 Евра).

Ваков документ -најавен манифест,електронски, со стандардизирани информации за пратката, давателите на поштенски услуги се должни да испратат најмалку еден час пред меѓународната пратка да пристигнена царина.

Врз основа на информациите добиени за пратките во „најавниот манифест“ царинските службеници ќе вршат проценка на ризик, што ќе помогне вонивната одлука за вршење на евентуална контрола за одредената царинска постапка.На овој начин ќе се подобри не само ефикасноста на царинските постапки, туку и ефикасноста на домашните компании со лиценца за работа во меѓународниот поштенски сообраќај.

Сепак и декларација во хартиена форма ќе биде дозволена, но само во случај на евентуални проблеми во електронскиот систем на Царинската управа.

Поднесување електронска декларација „ пред пристигнување на пратката“отсега ќе биде задолжително во меѓународниот поштенски сообраќај на лиценцираните даватели на поштенски услуги, и во воздушен сообраќај во рамките на редовните и поедноставените постапки и во транзитна постапка по друмски сообраќај.

http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/informacii-mk/vesti-mk/2643-chekor-ponapred-vo-digitalizacijata-na-carinskata-obrabotka-na-prat ki-prevezuvani-od-brzite-poshti

Image
Image