Доделени награди за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година

ec

На 14.03.2023 година во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, се одржа свечена манифестација за доделување на македонските награди за е-трговија за 2023 година “E-commerce Awards”. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата програма составена од домашни уметници.

На гала манифестацијата се одбраа најдобрите македонски е-трговци за изминатата 2023 година, кои се натпреваруваа во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија.

Во категоријата најдобра достава, директорот на Агенцијата за пошти проф. д-р Сретен Миладиноски додели 3 награди.

Трето место беше доделено на давателот на поштенски услуги ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДОО Скопје, второ место беше доделено на компанијата АНАНАС и прво на компанијата КОРПА ( достава на храна).

 

1

 

 

2

 

 

3

 

 

Победниците се објавени на следниот линк на официјалнтата веб страница на натпреварот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/ .