Агенцијата за пошти со известување до Бирото за јавни набавки

Во продолжение е линкот на кој што можете да го погледнете известувањето на Агенцијата за пошти кое се однесува на постапките за поштенски услуги.

Од 01.05.2015 год. цената за резервираните услуги (писмо со маса до 50грама) на приватните поштенски оператори не смее да биде под 45 денари

Печати Е-пошта

Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз

Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо за тоа во каков свет сакаш да пораснеш“.

Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата наградува уште 2 и одлучи да пофали 4 писма.

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ГИ ОБЈАВУВА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ И ПОФАЛЕНИТЕ НА КОНКУРСОТ:

  1. Софи Пановска - IX-3 одделение во ОУ „Гоце Делчев“ - Битола
  2. Ана Игнатовиќ - IX-1 одделение во ОУ „Кузман Јосифовски - Питу“ - Скопје
  3. Леонида Лумбуровска - IX-3 одделение ОУ „Гоце Делчев“ - Битола

Пофалени писма:

  • Лина Продановска - III-3 одделение - ОУ „Лазо Ангеловски“- Скопје
  • Јана Стефанова - V-1 одд. „Круме Кепески“- Скопје
  • Филип Томашевски - VII-б одд ОУ „Партенија Зографски“ - Скопје
  • Ана Маркоска VII-1 одд ОУ „Круме Кепески“ - Скопје

Организаторот ќе ги контактира авторите на наградените и пофалените писма.

Победничкото писмо што беше пратено на меѓународниот конкурс може да го видите тукаpdf

Печати Е-пошта

Нова цена на стандардизирано писмо

Агенцијата за пошти ја одобри новата цена на Македонска пошта за поштенската услуга за стандардизирано писмо од прва тежинска стапка, во висина од 18,00 денари.

Новата цена на поштенската услуга, АД Македонска пошта Скопје ќе ја применува од 01.05.2015 година.

Печати Е-пошта