TAIEX ПРОЕКТ

TAIEX ПРОЕКТ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА КРИТЕРИУМИ ЗА ТОЧКИТЕ ЗА ПРИСТАП ДО УНИВЕРЗАЛНАТА УСЛУГА СО ИЗГОТВУВАЊЕ НА МЕТОДОЛОГИЈА И СИСТЕМ ЗА МОНИТОРИНГ

Како резултат на планските активности на Агенцијата за пошти во периодот од 26 до 30 август 2013 год. во Скопје се реализираше TAIEX проектот ETT IND/EXP 51082 на тема  „ Дефинирање на критериуми за пристап до универзалната услуга со развој на методологија и систем за мониторинг“.

Реализацијата на проектот е во рамките на TAIEX програмата за  предпристапна поддршка на Европската комисија за земјите кандидати за влез во Европската унија.

Проектот се реализираше во форма на експертска мисија на експерти од Европската комисија со цел за усогласување на националните поштенски легислативи со легислативите и препораките на Европската комисија и користење на најдобри практики од областа на поштенските услуги од земјите на Европската унија.

По препорака на Агенцијата за пошти во проектот како експерт делегиран од страна на Европската комисија од областа на пристапот до универзалната услуга учествуваше г-динот   Tobias Katzschmann, Раководител на секторот за меѓународна соработка во германскиот регулатор.

TAIEX проектот се одржа во периодот од 26 до 30 август во просториите на Агенцијата за пошти. Во проектот активно учествуваа директорот Влатко Атанасоски и вработени во стручната служба: Љубиша Митевски, Олга Манчевска, Даниела Спасиќ Томовска и Мирјана Јанковиќ.

Основна цел на проектот беше:

  • Дефинирање на стандарди за точките на пристап до универзалната услуга до крајните корисници преку изготвување на методологија во врска со бројот и областите на поштенските единици и поштенските сандачиња како и оддалеченоста помеѓу нив
  • Редефинирање на критериумите за исклучоци од стандардите за точките за пристап до универзалната услуга
  • Размена на искуства и најдобри пракси од земјите во Европската унија со посебен осврт на искуствата од Германија
  • Изготвување на критериуми за систем на следење со цел за обезбедување на примената на критериумите за точките за пристап до универзалната услуга

Презентирање на практичен пример на систем за следење на примена на критериумите кој се применува во Германија.

Целиот извештај може да се превземе тукаPDF

Image
aiex_mk1.JPG
Image
aiex_mk2.JPG