Одржан 24-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 24-ти декември во просториите на хотел Холидеј Инн беше одржан 24-от јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани реализираните активности, плановите за делување во 2026 година, како и Анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие за 2025 година.
На состанокот присуствуваа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, претседателот на Комисијата на Агенција за пошти Душан Бекриќ, членовите на Комисијата Слободанка Галеска, Павлинче Честојнова, Андреј Јосифовски и Фадил Шабани, генералниот директор на АД Пошта Орхан Куртиши и членови на Управниот одбор на давателот на универзалната услуга, претставници на давателите на поштенски услуги, медиумите, како и други поканети гости од институциите и организациите со кои соработува Агенцијата за пошти.








