Агенција за пошти, независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, согласно Законот за поштенските услуги, меѓудругото е надлежна и за издавање на Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги по поднесена нотификација.
За добивање Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги, правното или физичкото лице треба да исполнува минимум услови, односно да има регистрирана дејност, техничка и професионална способност и опременост за обезбедување на поштенските услуги што ги побарал.