Право на рекламација кај поштенскиот оператор

Корисници на поштенски услуги имаат право да поднесат писмени рекламации до давателите на поштенски услуги. Корисниците можат да се јават во својство на испраќачи и примачи на поштенски пратки.


Испраќач на поштенска пратка има право да поднесе писмена рекламација до давателот на поштенските услуги во рок од три месеци од денот на испраќање на пратката.


Примачите на поштенска пратка имаат право да поднесат рекламација во следните случаи:

  1. За оштетување кое е видливо од надвор примачот има право да поднесе рекламација веднаш при приемот на пратката или да одбие прием
  2. За оштетување кое не е видливо однадвор, примачот, може да поднесе рекламација, по правило, првиот нареден работен ден од денот на приемот на пратката, при што треба да докаже дека оштетувањето или намалувањето на содржината на поштенската пратка настанало пред нејзиното врачување.

Доколку корисникот на поштенските услуги не поднел рекламација во предвидениот рок го губи правото за надоместок на штета.

 

Давателот на поштенски услуги е должен да прими рекламација и да одговори на поднесена рекламација:

  1. Во рок од 30 дена за поштенски пратки во внатрешниот поштенски сообраќај;
  2. Во рок од два месеца за поштенски пратки во меѓународниот поштенски сообраќај;