Меѓународна соработка

Меѓународна соработка

Агенцијата за пошти на Република Македонија како национално регулаторно тело во областа на поштенските услуги, во делот на меѓународната соработка учествува во активностите на:

  • Група на Европски регулатори за поштенски услуги (European Regulators Group for Postal Services - ERGP);
  • Европски комитет за поштенска регулација (European Committee for Postal Regulation-CERP); 
  • Светски поштенски сојуз (Universal Postal Union – UPU).

Група на Европски регулатори за поштенски услуги  (European Regulators Group for Postal Services - ERGP)

Европската комисија на 10 декември 2010 година ја формираше Групата на европски регулатори за поштенски услуги. Commission Decision   . На првиот работен состанок на Групата на европски регулатори се одржа на 1 декември 2010 год. На работниот состанок се избра претседател и два потпретседатели и се донесе нејзината програма за работа за 2011-2012 год. Programme  . Со одлука на Европската комисија (The Decision of the European Commission) воспоставени се Групи на европски регулатори за поштенски услуги. Врз основа на Работната програма формирани се следните групи:

  • Regulatory Accounting/Price Regulation- Регулаторно сметководство/Регулација на цени,
  • Net cost of USO - VAT as benefit/burden - Нето трошоци на универзалната услуга- ДДВ како бенефит/оптеретување,
  • End user satisfaction and monitoring of market outcomes -Задоволување на потребите на корисниците и следење на резултатите на пазарот,
  • Access Regulation – Регулација на пристап,
  • Cross-border issues (products and tariffs/terminal dues) – Меѓународни прашања (производи и цени/терминални трошоци)

Агенцијата за пошти на Република Македонија активно учествува во работењето во сите групи на Европските поштенски регулатори за поштенски услуги.

Европски комитет за поштенска регулација (European Committee for Postal Regulation-CERP);

Во рамките на Европскиот комитет за поштенска регулација (CERP) воспоставени се две работни групи и тоа:

  • CERP Working Group UPU ,
  • CERP Working Group Policy

Агенцијата за пошти активно учествува во активностите на работните групи во рамките на


Светски поштенски сојуз – UPU

Агенцијата за пошти учествува во активностите на Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз во подготовките за реформите на поштенскиот сектор на меѓународно ниво. Агенцијата за пошти учествува како набљудувач во активностите на Административниот совет на Светскиот поштенски сојуз.  http://www.upu.int/en.html ;   http://www.upu.int/en/the-upu/council-of-administration.html