НОВА ПОШТА ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 27.12.2024 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за поштенски и курирски услуги НОВА ПОШТА ДООЕЛ Скопје.
Агенцијата за пошти согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги Нова Пошта ДООЕЛ Скопје, со што Нова Пошта ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
Нова Пошта ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 11.11.2015 година до 26.12.2024 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-43/2015, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија.