Директорот раководи со работата на Агенцијата, одговорен е за законитото работење на Агенцијата и ги врши следните работи:
- Ја застапува и претставува Агенцијата,
- Потпишува договори во име на Агенцијата,
- Донесува одлуки по прашања за кои не одлучува Комисијата,
- Го предлага Статутот, Годишниот извештај за работа и Годишната програма за работа на Агенцијата,
- Дава овластувања во рамките на своите надлежности,
- Донесува решенија по прашања од надлежност на Агенцијата,
- Дава овластувања на раководни и стручни лица за вршење надзор,
- Се грижи за спроведување на подзаконски и други акти кои ги донесува Комисијата,
- Врши и други работи утврдени со Законот за поштенски услуги.
Мандатот на Директорот е 4 (четири) години со можност за уште еден последователен мандат.
Од 08 август 2025 година, Директор на Агенцијата за пошти е Марина Тоневска.
Марина Тоневска е избран Директор на Агенцијата за пошти со Одлука за избор на директор на Агенцијата за пошти од 08. август 2025 година.