Твининг програма
Твинингот е инструмент на Европската Унија за институционална соработка меѓу јавната администрација на земјите членки на ЕУ (ЗЧ) и земјите корисници (ЗК). Главната цел е да им помогне на земјите корисници, да се здобијат со потребните вештини и искуства за да го усвојат, спроведат и применат законодавството на ЕУ.
Твинингот има за цел да обезбеди поддршка за транспонирање, спроведување и примена на законодавството на ЕУ (acquis на Унијата). Тој гради капацитети на јавната администрација на земјите корисници за време на процесот на пристапување, што резултира во прогресивен и позитивен развој во регионот.
Основни податоци за проектот
Стратегијата на Владата од 2007 година за Развој на поштенските услуги во земјата корисник, предвидува формирање на независен регулаторен орган во областа на поштенските услуги. Поради тоа, Агенцијата за пошти на Република Северна Македонија, како национален регулаторен орган, е основана во јули 2008 година, како непрофитно и самофинансирано правно лице. Агенцијата обезбедува почитување на обврските што произлегуваат од директивите на Европската Унија и актите на Светскиот поштенски сојуз. При вршењето на работите во рамките на својата надлежност, Агенцијата обезбедува услови за континуирано, редовно и непречено обезбедување на универзални услуги, овозможува еднаков пристап до универзалните услуги за корисниците во врска со изборот, цената и квалитетот, го поттикнува пристапот до поштенската мрежа, промовира и ја штити конкуренцијата во областа на поштенските услуги и овозможува отворање на пазарот со цел да се создаде единствен пазар за поштенски услуги.
Цел на проектот
Главната цел е зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со барањата што произлегуваат од националното законодавство, како и од Директивата за пошти на ЕУ.
Понатаму, од проектот се очекува да придонесе за подобар квалитет на поштенските услуги што ги обезбедуваат поштенските оператори во земјата, како и да обезбеди основа Министерството за транспорт и врски да подготви и усвои нова Стратегија за развој на поштенскиот сектор.
Компоненти на проектот
Проектот има пет компоненти:
- Компонента 1: Креирање на документи за политики и процедури;
- Компонента 2: Утврдување на соодветен систем за посебно сметководство и распределба на трошоци, модел за пресметка на нето трошоци на универзалната услуга и ценовна политика;
- Компонента 3: Зајакнување на улогата на инспекцискиот надзор на Агенцијата за пошти;
- Компонента 4: Воспоставување критериуми и законски одредби за EN 13724 стандардизираните приватни поштенски сандачиња;
- Компонента 5: Подобрување на капацитетите за специфична пазарна анализа.
Институции корисници и други вклучени страни
Главен корисник на овој твининг проект е Агенцијата за пошти (Република Северна Македонија).
Планирана е блиска соработка, комуникација и координација со следниве засегнати страни:
- Министерство за транспорт и врски (МТВ)
- Универзалниот давател на поштенски услуги
- Други даватели на поштенски услуги
Податоци за проектот
Буџет: 600.000 евра
Период на спроведување: 18 месеци
Почеток на спроведувањето: 3 декември 2018
Главен корисник: Агенција за пошти (Република Северна Македонија)
Институции на земјата членка:
Главен партнер: Министерство за транспорт и јавни работи на Шпанија
Проектот го спроведува: Меѓународна Иберо-Американска фондација за администрација и јавни политики од Шпанија
Свечено отварање на твининг проектот финансиран од ЕУ1
Контакти:
г-ѓа Мирјана Јанковиќ
Лидер на проектот од земјата корисник
Агенција за пошти
Кеј 13 ноември ГТЦ, 2 кат, секција 6, локал 116, 1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
г. Рафаел Креспо Арсе
Лидер на проектот од земјата членка
Заменик директор за поштенски прашања
Министерство за транспорт и јавни работи
67, Paseo de la Castellana, Madrid, Spain
Е-пошта: [email protected]
г. Горан Игнатовски
Постојан твининг советник од земјата корисник
Агенција за пошти
Кеј 13 ноември ГТЦ, 2 кат, секција 6, локал 116, 1000 Скопје
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Ева Мариа Пикос Перез
Постојан твининг советник
Меѓународна Иберо-Американска фондација за администрација и јавни политики од Шпанија (FIIAPP)
Седиште на проектот во Агенција за пошти
Кеј 13 ноември ГТЦ, 2 кат, секција 6, локал 116, 1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Овој проект е финансиран од Европска Унија
Овој проект го спроведува FIIAPP