Седми Е-билтен на Агенцијата за пошти


Светскиот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври, тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн. Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.
Светскиот поштенски сојуз ги објави резултатите од овогодишниот меѓународен конкурс за пишување писмо. Победник е 15-годишната Nguyen Thi Thu Trang од Виетнам, чие писмо ги победи останатите 980.000 учесници.
Како добитник на златен медал, истиот и беше доделен на Транг во Истанбул, Турција, за време на завршната церемонија на 26-иот Светски поштенски конгрес на 7 октомври.
Директорот на Светскиот поштенски сојуз, Бишар А. Хусеин изјави дека е пресреќен што децата сè уште ја ценат моќта на пишаниот збор во дигиталното општество.