На 13-ти и 14-ти ноември, Агенцијата за пошти го реализираше есенскиот караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“.
Целта на оваа кампања е да ја доближи работата на давателите на поштенски услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенски услуги.
Караванот беше поддржан од Канцеларијата на Народниот Правобранител, со кого Агенцијата за пошти има склучено Меморандум за соработка.
Стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, на 13-ти и 14-ти ноември 2024 година, ќе го спроведе вториот есенски информативен караван „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“.
Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн.
На 19.09.2024 година во рамки на Европска недела за мобилност 2024 се одвиваше активноста „Ден на зелена достава“ .
По тој повод, Агенцијата за пошти заедно со Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус, оствари соработка со националниот давател на универзалната услуга АД Пошта на Северна Македонија како и со седум лиценцирани даватели на поштенски услуги ...
Агенцијата за пошти заедно со Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус, најавуваат активности во рамки на Европската недела на мобилност 2024. Активностите ќе се одржат на 19-ти септември (четврток), под мотото „Ден на зелена достава,“ а иницијативата е насочена кон поддршка на одржлива урбана мобилност и заштита на животната средина.