ИНФОРМАТИВЕН КАРАВАН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ„АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“
Стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, на 13-ти и 14-ти ноември 2024 година, ќе го спроведе вториот есенски информативен караван „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“.
Реализацијата на есенскиот караван ќе опфати 3 едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, во градовите Велес, Штип и Струмица.
На овие средби, ќе бидат презентирани и надлежностите на Агенцијата за пошти, а главен акцент ќе се стави на информирање на јавноста за остварување на законските права на корисниците, нивните обврски како и обврските на давателите на поштенските услуги. На посетителите ќе им се даде можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата.