Светски ден на поштите
Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн.
Оваа година е 150 годишнина од основањето на оваа организација која е една од најстарите организации во светски рамки. По тој повод, утре во седиштето на Светскиот поштенски сојуз во Берн ќе се одржи свечена церемонија која ќе биде со следната Програма.
За земјите кои учествуваат во Меѓународниот натпревар за пишување писмо на Светскиот поштенски сојуз, на националните победници најчесто им се врачуваат наградите на 9 октомври.
За да се одбележи 150 годишнината од Светскиот поштенски сојуз, темата за 2024 година е „150 години заложба за комуникација и напредок на народите во целиот свет“.
Во продолжение линк кој води до пригодна порака од генералниот директор на Интернационалното Биро, Масахико Метоки.