ГЕНИКИ ТАХИДРОМИКИ СМ ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 10.02.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за давање на останати поштенски и курирски услуги ГЕНИКИ ТАХИДРОМИКИ СМ ДОО Скопје.

Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги на 07.02.2025 година констатира престанок со обезбедување поштенски услуги од давателот на поштенски услуги  Геники Тахидромики СМ ДОО Скопје,  со што Геники Тахидромики СМ ДОО Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Геники Тахидромики СМ ДОО Скопје работеше во поштенскиот сектор од 07.06.2022 година врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УПI бр.02-51, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија и во меѓународниот поштенски сообраќај.