ПЛАН ЕКСПРЕС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

 

Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги ПЛАН ЕКСПРЕС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Со Решение бр. 02-238/4 од  04.10.2024 година,  Агенцијата за пошти   го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   План Експрес ДООЕЛ увоз-извоз Скопјепоради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 алинеја 1 од Законот за поштенските услуги.

Поради губење на статусот на  давател на поштенски услуги, План Експрес ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е избришан од службената евиденција на даватели на поштенски услуги, согласно член 26 став 3  од Законот за поштенските услуги.

Друштвото за трговија и услуги План Експрес ДООЕЛ увоз-извоз Скопје работеше на поштенскиот пазар од 17.01.2020 година, врз основа на Општо овластување за обезбедување поштенски услуги во внатрешен поштенски сообраќај - за подрачјето на град Скопје, издадено од Агенцијата за пошти под број УП I бр. 02-01.