ХИ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 06.05.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за промет и услуги ХИ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје, поради престанок со обезбедување поштенски услуги.
Агенцијата за пошти согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги на 06.05.2025 година констатира престанок со обезбедување поштенски услуги од давателот на поштенски услуги Хи Логистик ДООЕЛ Скопје, со што Хи Логистик ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
Хи Логистик ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 27.09.2024 година врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под бр.02-199/7, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на дел од територија на Република Северна Македонија-за подрачје на град Скопје.