Успешна реализација на пролетниот информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“

Успешна реализација на пролетниот информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“

На 12-ти и 13-ти мај, во Прилеп и Кавадарци Агенцијата за пошти го реализираше пролетниот караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“.

Ова е втора година како Агенцијата за пошти ги оддржува овие едукативни средби, со цел да ја доближи работата на давателите на поштенски услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенски услуги.

Караванот е поддржан од Канцеларијата на Народниот Правобранител, со кого Агенцијата за пошти има склучено Меморандум за соработка и опфати 2 едукативни средби со граѓани, претставници од месните заедници, давателите на поштенски услуги во градовите Прилеп и Кавадарци.

На тематските работилници свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за пошти проф. д-р Сретен Миладиноски кој ја истакна важноста на ваквите едукатвни средби кои се од големо значење за јавноста бидејќи преку нив на многу ефикасен начин се информираат граѓаните - корисници на поштенски услуги за остварување на нивните законски права, за нивните обврски како и за обврските на давателите на поштенските услуги.

Едукативните средби се одржаа по утврден дневен ред, на кои во својство на едукатори свои презентации имаа Олга Манчевска - Раководител на Директоратот за регулатива, Ана Ковачевска – Раководител на Директоратот за заштита на правата на корисниците и односи со јавноста лиценцирање и правни работи, Христина Трајчевска – Стручен советник за лиценцирање и Мартин Спасовски – Соработник за решавање на спорови.

Првата средба се оствари во Прилеп чиј домаќин беше Економскиот факултет во Прилеп на која за надлежностите и за постапувањата по претставките од граѓаните, пред посетителите се обрати и Лилјана Илиевска, заменик народен правобранител од Подрачната канцеларија во Битола која меѓудругото истакна дека соработката помеѓу двете институции е на високо ниво и дека доколку граѓаните сметаат дека некое нивно право или интерес е засегнато, тие имаат можност да се обратат во овие институции.

 

        

               

 

Втората средба беше оддржана во општинската зграда на Кавадарци, каде на присутните им беа презентирани надлежностите на Агенцијата за пошти.

На посетителите им се даде можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата.

Исто така од страна на претставниците од Агенцијата како и од канцеларијата на Народниот правобранител беа дадени изјави на локалните медиуми.

                                                                                                          

 

Maj, 2025 година