КОЛПОРТЕР ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 07.05.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштво за дистрибуција, трговија и услуги КОЛПОРТЕР ДОО Скопје, поради престанок со обезбедување поштенски услуги.

Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги на 06.05.2025 година констатира престанок со обезбедување поштенски услуги од давателот на поштенски услуги  Колпортер ДОО Скопје,  со што Колпортер ДОО Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

КОЛПОРТЕР ДОО Скопје работеше во поштенскиот сектор од 01.06.2021 година врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УПI бр.02-57, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија.