Информација
22.05.2015
Агенцијата за пошти ги информира граѓаните, правните лица и институциите во Република Македонија, корисници на поштенски услуги, дека поштенски услуги на целата територијата на Република Македонија или на нејзин одреден дел, може да вршат само оние правни лица кои имаат статус на даватели на поштенски услуги врз основа на Индивидуална дозвола или на Општо овластување, издадени од страна на Агенцијата за пошти .
Извод од базата со податоци за актуелни поштенски оператори, која се ажурира на дневна основа може да се најде на следниот линк
За правните лица:
- ДИЛИВЕРИ СЕРВИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ДООЕЛ Скопје,
- БТЛ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје и
- ИН ПОШТА РАДЕСКИ ДООЕЛ Скопје,
Агенцијата за пошти нема издадено Општо овластување, истите немаат статус на даватели на поштенски услуги и немаат право да вршат поштенски услуги.