Нова цена за писмо до 50 грама
Согласно член 41 став 3 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019), резервираните поштенски услуги давателите се должни да ги обезбедуваат по цена најмалку 2,5 пати повисока од цената по која давателот на универзалната услуга, ги обезбедува пратките за коресподенција од стандарната категорија во првата тежинска стапка.
Агенцијата за пошти го одобри барањето на АД за поштенски сообраќај “Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост - Скопје, за промена на цени за обезбедување на поштенски услуги од опфатот на универзалната услуга во внатрешниот поштенски сообраќај со Решение бр. УПI бр.02-03 од 14.02.2020 година. Цената на поштенската услуга за пратките за коресподенција од стандарната категорија во првата тежинска стапка до 50 грама изнесува 25,00 денари.
Тоа практично значи дека цената за услугите за писма со тежина до 50 грама, на давателите на поштенски услуги (носителите на Општо Овластување), не смее да биде помала од 62,50 денари,
Обезбедувањето поштенски услуги за писма до 50 грама по цена пониска од 62,50 денари е прекршок кој се санкционира согласно член 80 став 1 алинеја 5 и став 2 и став 3 од Законот за поштенски услуги.
Новите цени за услугите за писма со тежина до 50 грама се применуваат од 01.03.2020 година.