УРЕДБА со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, ги известува давателите на поштенски услуги дека Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 22 април 2020 година донесе УРЕДБА со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба ("Службен Весник на РСМ" бр.107 од 22.04.2020 година).
Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 27/14, 42/14, 187/14, 146/15, 31/16, 190/16, 64/18, 248/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19) ќе се применува за време на траењето на вонредната состојба, доколку со оваа Уредба со законска сила не е поинаку уредено.
За поставување на ред и дисциплина при влез, во внатрешноста и при излез од капацитетите и просториите во кои се даваат поштенски услуги кон корисниците на овие услуги, за време на траење на вонредната состојба ќе се применуваат одредбите од оваа Уредба со законска сила.
Целиот текст на Уредбата на следниот линк:
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/e42f3c8478524f1ab3aa12c2e21d05a1.pdf