Афирмативни констатации за подготвеноста и капацитетите на македонските институции во контекст на либерализацијата на поштенскиот пазар, согласно законодавството на Европската Унија

Напис под наслов "Република Северна Македонија се движи кон поштенската либерализација со поддршка од Шпанија" објавен во денешното (15.06.2020 година) електронско издание на публикацијата "Diplomat in Spain".

Целиот текст со превод

"Проектот за подобрување на поштенскиот капацитет на Република Северна Македонија е успешно завршен по 18-месечно спроведување, што ќе ја доближи земјата до либерализација на нејзиниот поштенски пазар, а со тоа и до препораките на Европската Унија. Овој напредок беше можен благодарение на Твининг проектот спроведен  од крајот на 2018 година, со вкупен буџет од 600.000 евра, финансиран од Европската Комисија и предводен од Генералната под-дирекција за поштенски систем на Министерството за транспорт, мобилност и урбана агенда на Шпанија. Покрај тоа, проектот го управуваше Меѓународна и латино-американска фондација за администрација и јавна политика (FIIAP), ентитет поврзан со државната агенција за соработка "Cooperation Espanola" a учествуваше и персоналот од шпанската пошта (Correos).

"Последната фаза од проектот се совпадна со пандемијата КОВИД -19, така што експертите се свртеа кон спроведување на обука од далечина, почитувајќи ги времето и динамиката на Агенцијата за пошти"  - појаснија од FIIAP.

Проектот заврши и Агенцијата за пошти меѓу другото, располага со прирачници за јавни политики, сметководствени модели, препораки за инспекција и оперативен прирачник за имплементација на приватни поштенски сандачиња.

"Во моментов Република Северна Македонија има административен и регулаторен капацитет да дава предлози за измени на своите закони и регулативи за спроведување на законодавството на Европската Унија" - заклучија  од FIIAP.

Клучни согледувања: Афирмативни констатации за улогата на инволвираните шпански институции како и за подготвеноста/капацитетот на македонските институции во контекст на либерализацијата на поштенскиот пазар и согласно законодавството на ЕУ.

 

https://thediplomatinspain.com/2020/06/macedonia-del-norte-avanza-hacia-la-liberalizacion-postal-con-apoyo-espanol/