Известување до корисниците на АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје: Повторно воспоставен прием на пратки за САД и одреден број на држави од Европа

Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека е во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и своето меѓународно работење го прилагодува на постојната состојба.

Пописот на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк на веб страната на АД Пошта на Северна Македонијa www.posta.com.mkДржави за кои може да се праќаат поштенски пратки, и истиот се ажурира согласно околностите во државите.

Ги повикуваме сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.

АДПошта на Северна Македонија“– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во Република Северна Македонија се доставуваат до крајните корисници односно примачи.

Ви благодариме на подршката и разбирањето.

 

ДРЖАВИ за кои може да се праќаат поштенски пратки

 

  • АВСТРИЈА
  • АЛБАНИЈА
  • АНГЛИЈА
  • БЕЛГИЈА
  • БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА    
  • БУГАРИЈА
  • ГЕРМАНИЈА
  • ГРЦИЈА
  • ДАНСКА
  • ИТАЛИЈА
  • ИЗРАЕЛ
  • КОСОВО     
  • МОЛДАВИЈА
  • РОМАНИЈА
  • РУСИЈА
  • САД
  • СЛОВЕНИЈА
  • СРБИЈА
  • ТУРЦИЈА
  • УКРАИНА
  • ФРАНЦИЈА
  • ХОЛАНДИЈА
  • ХРВАТСКА
  • ЦРНА ГОРА
  • ЧЕШКА РЕПУБЛИКА
  • ШВАЈЦАРИЈА
  • ШВЕДСКА
  • ШПАНИЈА