Гигантот за е- трговија официјално на аеродромот во Лајпциг – Хале
Гигантот за е- трговија Амазон започна сопствени операции на авионски карго на територијата на Европа лансирајќи свој центар за достава на пратки по воздушен пат во Германија, инвестирајќи огромни суми за логистика ширум светот.
По повеќемесечните шпекулации во медиумите, овој месец компанијата официјално го објави почетокот на операциите на „Amazon Air” во нејзиниот регионален воздушен центар на аеродромот во Лајпциг -Хале. Во објектот од 20.000м2 кој се наоѓа веднаш до Светскиот карго-центар на аеродромот, има вработено околу 200 луѓе. Досега, ниту една бројка за инвестициите во новиот објект не е откриена.
Амазон објасни дека новиот карго-објект ќе создаде дополнителна врска во рамките на мрежата за исполнување на Амазон во Европа, донесувајќи им поголем избор и пофлексибилни опции за испорака по пониска цена за повластените односно приоритетни членови.
Исто така компанијата соопшти дека изнајмила два брендирани авиони „Боинг 737-800“ од GECAS со кои ќе управува ирската карго-авиокомпанија ASL Airlines под логото на Amazon Air во Европа.
Амазон не ги открива рутите на летот за овие два авиони туку само накратко додава дека веб страната (Лајпциг) веќе започна да ги поддржува испораките на клиенти со два дневни летови.
Менаџерот на центарот Дитмар Јинглинг изјави: „ Ја цениме целосната поддршка на заедницата во прифаќањето на овие операции и долгорочно економско влијание како и можностите за создавање на нови работни места што ќе ги овозможиме во регионот. Напорно работевме за да изградиме и обучиме тим за изградба на нашата воздушна мрежа во регионот, истовремено одржувајќи безбедна работна околина. Нашата цел е да се осигураме дека сме во можност да ги поддржуваме променливите потреби на клиентите во ова време на предизвици на подолг рок.“
„Тешка инвестиција“
Михаел Кретчмер, министер на Саксонија, ја поздрави најновата инвестиција на Амазон во германската сојузна држава и изјави „Тоа јасно зборува во корист на Саксонија како деловна локација, дека Амазон продолжува да инвестира многу во Лајпциг отворајќи свој нов товарен центар на аеродромот. Сево ова создава врвни работни места за голем број квалификувани работници.“
Тој нагласи: „Сигурен сум дека регионалниот центар Amazon Air ќе привлече да се населат поиновативни компании тука во регионот. Компаниите и крајните потрошувачи имаат корист од силни и сигурни синџири на снабдување. А тоа колку се важни стана очигледно во време на корона пандемијата.“
Гец Ахмелман, извршен директор на аеродромскиот оператор „Mitteldeutsche Flughafen AG“ даде свој коментар: „Воодушевени сме што освоивме уште една позната логистичка компанија на аеродромот во Лајпциг/Хале. Очигледно Лајпциг/Хале има посебна улога како центар во европскиот товарен сообраќај за „Amazon Air.“ Поентиравме во Централна Германија со нашата исклучително добра инфраструктура и нашата призната експертиза во авионскиот товарен сообраќај. Лајпциг Хале е веќе на второ место како германски авиопревозник и број пет во Европа. Ние ќе инвестираме уште повеќе за да ја прошириме нашата позиција. Ова ќе биде од корист за регионот, но и за цела Германија како деловна локација.“
Обемот на товар на аеродромот Лајпциг/Хале, кој е дом на европскиот воздушен центар на DHL Express и исто така опслужуван од разни меѓународни карго компании, значително е во пораст оваа година. Тонажата се зголемила за скоро 19% на годишно ниво во септември, овозможувајќи зголемување на деветмесечните количини за нешто повеќе од 8%, во однос на аеродромот.
Експанзија на европската логистика
Потегот на Амазон да воспостави сопствени операции со летови во Европа следи по масовното ширење на сопствената логистика низ континентот во последните неколку години. Во Европа, компанијата има најголем договорен капацитет за авионски сообраќај од ASL Airlines заедно со авиокомпанијата DHL во Лајпциг, базирано на Европски воздушен транспорт и други превозници на различни маршрути што ги поврзуваат европските пазари.
Воздухопловната експанзија ја отсликува стратегијата на компанијата во САД, каде што неколку договорни авиокомпании сега управуваат со скоро 70 овластени шпедитери на Prime Air во широка мрежа што опслужува големи и мали аеродроми. Следната година Амазон ќе отвори огромен центар од 1.5 милијарди долари на меѓународниот аеродром Синсинати со простор до 100 товарни авиони.
Во меѓувреме, Амазон продолжи да ја шири својата земјена европска мрежа за логистика во последните неколку месеци. Минатиот месец компанијата го отвори својот шести центар за исполнување во Италија, кај Колеферо во близината на Рим, веднаш по отворањето на својата петта фабрика, во Ровиго, јужно од Падова, во септември. Двата објекти заедно претставуваат инвестиција од 140 милиони евра.
Компанијата исто така неодамна ги отвори шестиот и седмиот центар за исполнување во Шпанија. Генерално, гигантот за е-трговија сега има околу 40 големи центри за исполнување низ Европа заедно со бројни регионални центри за сортирање и локални станици испорака.
Извор: Амазон Европа, ЦЕП - истражување