16-та Јавна Седница на Агенцијата за пошти

 

16-та Јавна Седница на Агенцијата за пошти

      

       На 11.06.2021 година (петок), со почеток во 11 часот, Агенцијата за пошти ќе ја одржи 16-та Јавна Седница на Агенцијата, преку комуникациската платформа ZOOM.

        Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни седници ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

Јавната седница ќе го има следниот дневен ред:

  1. Воведно излагање на директорката на Агенцијата за пошти;
  2. Статистички извештај за поштенските активности во Р.С.Македонија во 2020 годинa - Состојба на поштенскиот пазар;

(презентација)

  • Информација за промена на образец – Извештај за обезбедување на п.у.
  1. Корисници, лиценцирање и надзор ;
  • Информирање на корисниците на поштенските услуги,

( веб-кампања , изработка на прирачници, комуникација )

  • Зголемен интерес за општо овластување,
  • Инспекциски надзор врз работата на нелиценцирани даватели.
  1. Планови и идни проекти.