Учество на претставници на Агенцијата за пошти на 20-от состанок на Групата на Европски регулатори за поштенски услуги

ergp

На 25-ти јуни 2021 година, Групата на Европски регулатори за поштенски услуги (ЕРГП) го одржа 20 –от пленарен состанок преку видеоконференциски пат, под претседателство на д-р Спирос Пантелис, заменик –претседател на грчката комисија за телекомуникации и пошти (ЕЕТТ), на кој учествуваа и претставници на Агенцијата за пошти.

На пленарниот состанок беше одобрена Нацрт Програмата за работа за 2022 година, земајќи ги предвид трите стратегиски столбови на Среднорочната стратегија на ЕРГП  за 2020-2022 година:

(1) Ревидирање на правната рамка на поштенскиот сектор;

(2) Промовирање на конкурентен единствен пазар на ЕУ, и

 (3)Зајакнување на крајните корисници и обезбедување на универзалната услуга ориентирана кон корисниците.

За 2022 година, покрај контунуираната работа за квалитетот на услугата, заштита на корисниците и основни индикатори, ЕРГП предлага активностите да се фокусираат на следново: евалуација на Директивата за поштенски услуги, влијанието на онлајн платформите и новите бизнис модели врз конкуренцијата во поштенскиот сектор, пристап до поштенски мрежи во контекст на растечка е-трговија, како и заштита на потрошувачите и промена на потребите во однос на брзото зголемување на е-трговијата, спроведувањето на регулативата за услуги за достава на прекугранични пратки, влијанието од промената на ДДВ/царина  и прашања за одржливост на животната средина.

Програмата за работа за 2022 година ќе биде доставена  за јавна консултација од 2  јули до 1 октомври 2021 година. Исто така, Програмата за работа  за 2022 година ќе биде презентирана и дискутирана и на работилницата на ЕРГП,  која ќе се одржи на 6  јули 2021 година.

На состанокот се одобри и Извештајот за договорната состојба на потрошувачите на поштенски услуги, кој исто така ќе биде доставен за јавна консултација од 2 јули до 12 септември 2021 година.

Воедно, на состанокот беше констатирано дека се забележува подобрување во  работата на сите подгрупи,  при што беа одобрени и  неколку внатрешни документи.

https://www.linkedin.com/company/ergp-the-european-regulators-group-for-postal-services/