Ден за прием на земјите во развој од Европа и Заедницата на независни држави - како дел од подготовките за претстојниот Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз во Абиџан, 2021-ва година
Денес во организација на Светскиот Поштенски Сојуз преку Меѓународното Биро, виртуелно се одржа Ден за прием на земјите во развој од Европа и Заедницата на Независни Држави ,,CIS”, во насока на подготовките за претстојниот Конгрес на СПС во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска 2021-ва година. На покана на Меѓународното биро, на состанокот учество зема и претставник од Агенцијата за пошти.
На настанот воведно обраќање имаа г-дин Бишар А. Хусеин – Генерален директор на СПС и г-дин Паскал Кливаз – Заменик генерален директор на СПС. На почетокот на состанокот, во врска со организацијата на Конгресот беа презентирани следните процедури :
- Процедури за презентација на акредитација – Г-дин Рикардо Гијерме Фихо – Директор за правни работи,
- Процедури за гласање – сценарија – Г-дин Сива Сомасундрам - Директор за политика, регулатива и пазари,
- Виртуелен конференциски систем и електронско гласање – Г-дин Лати Матата – Директор на Центарот за поштенска технологија.
Во согласност со агендата се дискутираше за следните стратешките теми:
Стратешка тема 1: UPU Систем за придонеси (долгорочно одржливо финансирање на организацијата) – Г-дин Влад Дубенко – Финанскиски директор
Стратешка тема 2: UPU План за во иднина - Г-дин Влад Дубенко – Финанскиски директор
Стратешка тема 3: Отворање на UPU кон поголеми играчи на поштенскиот сектор – Г-дин Мутуа Мутуси – Директор на извршна канцеларија
Стратешка тема 4а: Интегриран план за производи – Г-ѓа Венди Еитан - Координатор за интеграција во е-трговија и физички услуги, и/или Г-дин Џери Посеј – Координатор за постапување по стандарди, сертифицирање, усогласеност и донесување решенија
Стратешка тема 4б: Интегриран систем за ремунерација – Г-дин Алтамир Линарес – Менаџер за ремунерација, развој и интеграција, и/или Г-дин Пол Скорл – Експерт за развој на ремунерација и интеграција
Стратешка тема 5 и 6: Поштенска стратегија на Абиџан 2022-2025 и Бизнис План 2021-2025 – Г-дин Мутуа Мутуси – Директор на извршна канцеларија
Стратешка тема 8: Иднина на Фондот за квалитет на услугата – Г-ѓа Чој Хан Чум – Претседател на QSF Unit
Стратешка тема 9: Правна стабилност на актите на Унијата - Г-дин Рикардо Гијерме Фихо – Директор за правни работи.
Модератор на настанот беше г-дин Андреи Соудаков координатор на Регионалната програма Европа, Заедница на независни држави и обуки.
Состанокот го следеа над 140 претставници од повеќе земји.